Доц. др Маријана Мирческа MS, PhD

Др. Маријана Мирческа

 

КРАТКА БИОГРАФИЈА

Доктор Маријана Мирческа е родена 1971 година во Скопје. По завршувањето на средното образование во М.У.Ц. „Др. Панче Караѓозов“ во Скопје, по што се стекнува со стручен назив забен техничар,се запишала на Стоматолошкиот факултет во Скопје. Дипломирала 1995 година со просечен успех 9,31. Магистрирала на Природно-математички факултет при Универзитетот "Св. Кирил и Методиј" –Скопје во 2013 година со просечен успех 10, на тема "Форензичко значење на траги од усни" и се стекнала со звање магистер на форензички науки- одонтолог. Докторски студии на модулот дентална патологија запишала во 2016 година и ги завршила во октомври 2019 со просечен успех 10, на тема“ Ефикасноста на три ендодонтски системи при конвенционален ”. Во периодот 2016-2019 завршува специјалистички студии од областа на ендодонција и реставративна стоматологија на Стоматолошкиот Факултет Скопје. Маријана Мирческа солидно ги говори и пишува англискиот и германскиот јазик, а има и основни познавања од албанскиот јазик.
Работно искуство
Таа има 22 години работно искуство, започнувајќи ја својата професионална кариера како стоматолог во Јавна Здравствена Установа-Здравствен дом Скопје-Скопје во 1998 година. Кариерата ја продолжува како сопственик на стоматолошка ординација од 2005 година се до 2013 година, кога станува дел од тимот на Универзитетски стоматолошки клинички центар ,,Проф.д-р.Бојо Андрески”- Скoпје. Во декември 2016 година е избрана за асистент на Факултетот за стоматологија при Европскиот Универзитет-Скопје. Во 2019 е избрана за доцент на истиот факултет.
Научни, стучни, педагошкии други остварувања
Во текот на студирањето и работењето, има остварено студиски престои во повеќе земји (Полска, Бугарија, Грција, Србија, Романија). Д-р. Маријана Мирческа активно е вклучена во стручно апликативната работа во Унивезитетскиот стоматолошки клинички центар ,,Проф.д-р. Бојо Андрески”- Скопје. Во текот на изминатите години има посетувано голем број на семинари, симпозиуми, конгреси и курсеви во земјата и странство, а на голем број од нив има и активно учествувано.

 

  • Петок 08:00  - 10:00
  • Викенд ЗАТВОРЕНО