Доц. др Соња Вујасин

Доц. др Соња Вујасин

 

Доц. Д-р Соња Вујасин дипломирала на Стоматолошкиот факултет при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј" – Скопје во 2005 година, со среден успех 9,22. Во 2006 година се стекнува со работна лиценца - доктор по општа стоматологија. Во 2006 година започнува со специјализација од областа на стоматолошка протетика на Стоматолошкиот факултет во Скопје и во април 2009 се стекнува со звање специјалист по стоматолошка протетика.
Во 2014 се запишува на докторски студии на Стоматолошкиот факултет при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј" во Скопје и на 3 јули 2019 ги завршува истите со успешна одбрана на тема „Анализа на дистрибуција на оклузални вертикални сили кај дистално продолжени дентални мостови - Метод на конечни елементи”, со што се стекнува со научен назив Доктор по стоматолошки науки, област стоматолошката протетика.
Таа има повеќе од 10 години работно искуство, започнувајќи ја својата професионална кариера во приватен сектор како општ стоматолог. На Европскиот универзитет се вработува во 2008 година како помлад асистент, а по специјализацијата е избрана за асистент по стоматолошка протетика. По завршување на докторските студии во 2019 ја продолжува својата дејност како доцент на Факултетот за стоматологија при Европскиот универзитет. Од 2009 година па се до денес работи како специјалист по Стоматолошка протетика на Универзитетскиот Стоматолошки Клинички Центар „Проф. д-р Бојо Андревски".