Др. Јордан Ѓурчески, помлад асистент

Др. Јордан Ѓурчески, помлад асистент

 

Кратка биографија

Јордан Ѓурчески е роден 1986 година во Битола. Основно образование има завршено во Кичево, а средно образование завршува во 2004 година во ДСМУ ”Д-р Јован Калаузи”- Битола, насока забен техничар. Дипломирал на Стоматолошкиот факултет при Универзитетот "Св. Кирил и Методиј" –Скопје 2009 година, со највисок просечен успех во својата генерација (9,91). Во октомври 2011 година запишува докторски студии на Школата за доктоски студии на Универзитет св. Кирил и Методиј – Скопје; Стоматолошки факултет; Оддел за орална и максилофацијална хирургија.

Работно искуство

Јордан Ѓурчески своето работно искуство го почнал во 2010 година во ПЗУ “Парадизо” – Кичево како волонтер-доктор по стоматологија. Во јануари 2011 година се вработува во УСКЦ “Проф. Д-р Бојо Андрески” – Скопје, на позиција – доктор по стоматологија. Во март 2011 година е избран како помлад асистент на Факултетот за стоматологија при Европскиот Универзитет. Во 2019 година е реизбран за асистент по предметот Орална и максилофацијална хирургија. До денес истовремено ги обавува двете фунции со паралелно вработување. Како помлад асистент/асистент на Факултетот за стоматологија ја водел претклиничката и клиничката практична настава по предметите: Реставративна одонтологија, Ендодонција и Орална и максилофацијална хирургија.

Трудови, публикации и награди

Во текот на студирањето и работењето, има учествувано на стручни конгреси и семинари и има објавено неколку трудови во домашни и меѓународни списанија од областа.

Добитник е на благодарница доделена од Стоматолошки факултет за постигнат успех за време на студиите и дипломирање со највисок просек во учебната година и признание од Универзитет Св. Кирил и Методиј – Скопје за најдобра студент дипломиран во учебната 2008/09 година, дипломиран со просечна оценка – 9,91, во регуларни временски граници согласно со Статутот на Стоматолошки факултет – Скопје.