Доцент Др. Снежана Димитроска

Доцент Др. Снежана Димитроска

 

специјалист по ортодонција

Кратка биографија

Снежана е родена 1979 година во Охрид.Средно образование - ДСМУЦ “Д-р Панче Караѓозов”, во Скопје, насока забен техничар. Дипломирала на стоматолошкиот факултет при Универзитетот "Св. Кирил и Методиј" –Скопје во 2006 година, со висок просечен успех. Специјализирала на Стоматолошкиот факултет "Св. Кирил и Методиј" –Скопје во одделот на ортодонција во 2013 година. Запишува докторски студии при Универзитетот "Св. Кирил и Методиј" во Скопје во 2014 на тема “Евалуација на скелетни и мекоткивни фацијални варијации со употреба на кефалометриски и антропометриски анализи”, и на 2 јули 2019 ги завршува истите со успеша одбрана.

Работно искуство

Таа има повеќе од 10 години работно искуство, започнувајќи ја својата професионална кариера со работа во приватен сектор како општ стоматолог. 2009 започнува специјализација по ортодонција при Стоматолошкиот факутет во Скопје. 2011 се вработува во ЕУРМ и брзо потоа е избрана за асистент по ортодонија. Во 2014 година се запишува на докторски студии при Универзитетот "Св. Кирил и Методиј" во Скопје. Во периодот од 2015 до 2017 го надополнува своето работно искуство со престој во Осло, Норвешка, и се стекнува со основна лиценца за работа како општ стоматолог. Подоцна во јануари 2019 аплицира за звање специјалист по ортодонција и 3 септември 2019 се стекнува со специјалистичка лиценца по ортодонција во Норвешка.

Трудови и публикации

Во текот на студирањето и работењето, има остварено голем број учества на конференции, работни групи, курсеви, конгреси со меѓународно учество. Своето искуство го збогатува со учество и совладување на нови техники од областа на ортодонцијата. Има објавувани трудови од областа на ортдонцијата.

 

  • Петок 08:00  - 10:00
  • Викенд ЗАТВОРЕНО