Проф. Др. Енис Реџеп

Проф. Др. Енис Реџеп

 

Вонреден професор, Стоматолошки факултет
Кратка биографија
Енис Реџеп роден е 1973 година во Гостивар. Дипломираше на стоматолошкиот факултет на универзитеот Хаџеттепе, Анкара, Р. Турција. Специјализира и докторира на стоматолошкиот факултет на универзитетот Анкара, на орална и максилофацијална хирургија на тема “ Промените во Темпоромандибуларниот зглоб пред и после ортогнатска хирургија и ортодонтски третман со МР“
Во 2008 оди на постдокторски клинички атачмент катедрата за Пластична, Краниофацијална хирургија и Изгореници во Универзитетот Мануфија, Каиро, Египет ( Проф. Др. Фуад Гарееб).
Во 2014 посетува почесен клинички атачмент во Фацијална Пластична и Максилофацијална хирургјија во Пооле НХС Труст, Англија (Проф. Др. Виланко Иланкован).

Работно искуство
Од 2004 година работи во ПЗУ Витадент во Гостивар како хирург.
Од 2010 година, работи како избран наставник во научно – наставно звање доцент на Факултетот за Медицински науки при Државниот Универзитет во Тетово по предметот Орална и Максилофацијална хирургија каде истовремено е продекан на факултетот за медицински науки и шеф на стоматолошкиот факултет.
Од 2015 работи на Европски универзитет како професор по орална и максилофацијална хирургија и на клиничкиот центар како орален хируг за сложени интервенции.

Трудови и публикации
Секоја година посетува голем број на конгреси и семинари, стручен редактор е на 3 книги од Англиски на Македонски и Албански јазик.

Меѓународнки научни проекти
Во временскиот период од 2005 – 2014 учествува во меѓународен проект на Zimmer Dental Implants, Мутлу дентал, Р. Турција како дел од екипата за развој и усовршување на имплантите и ѕчествува во собири за размени на идеи и искуства.

Во временскиод период од 2011 – 2013 беше научен соработник на производи на вештачки коски Easy Greft, Degradable Solutions, Швајцарија за Р. Македонија. По овој повод го посети научниот собир во Луцерн, Швајцарија во Јуни 2011 година поради научно истражувачка работа.