Доц. Др. Катерина Василева Гешоска

Доц. Др. Катерина Василева Гешоска

 
Декан на Факултет за стоматологија-Европски Универзитет
Доцент по стоматолошка протетика

Кратка биографија
Д-р Катерина Василева Гешоска дипломирала на Стоматолошкиот факултет при Универзитетот "Св. Кирил и Методиј" –Скопје во 2007 година Во 2008 година се стекнува со работна лиценца- Доктор по општа стоматологија. Во 2011 година запишува специјализација на Стоматолошкиот факултет, оддел стоматолошка протетика. Специјализацијата ја завршува во предвидениот рок. Докторски студии по фиксна стоматолошка протетика, запишала во 2014 година на тема“ Процена на внатрешно налегнување и маргинална дискрепанца кај целосно керамички и металкерамички коронки ”. Истите ги заврши во јануари 2019 година.
Својата професионална кариера ја започнува во 2008 во специјалистичка ординација по протетика ПЗУ ‘Др Петар Зафиров и Др. Лорета Василева’. Во 2013 година се вработува со редовен работен однос во ПЗУ ‘Д-р Бојо Андрески’ при Европскиот Универзитет, како специјалист по стоматолошка протетика. Во октомври 2014, е назначена за асистент на катедрата за Стоматолошка протетика при Стоматолошкиот факултет. По завршувањето на докторските студии, во 2019 година, ја започна својата дејност како Доцент, од група предмети-Фиксна стоматолошка протетика.