Доц. д-р Емилија Костадиновска, МS, PhD

Доц. д-р Емилија Костадиновска, МS, PhD

 

Специјалист по примарна стоматолошка здраствена заштита

Специјалист по детска и превентивна стоматологија

 

e-mail: This email address is being protected from spambots. You need JavaScript enabled to view it.

КРАТКА БИОГРАФИЈА

Емилија Костадиновска е родена 1978 година во Штип. Основно образование завршила во Пехчево во ОУ “Ванчо Китанов”  како првенец на генерација, а средно образование во ДСМУЦ “Д-р панче Караѓозов” во Скопје, насока забен техничар. Дипломира на Стоматолошкиот факултет во Скопје во 2004 година со среден просек 9.00. По обавениот стаж на Стоматолошкиот клинички центар “Св. Пантелејмон”, го полага стручниот државен испит и се стекнува со лиценца за работа

Во 2007 година се запишува на специјализација по примарна здраствена стоматолошка заштита на Стоматолошкиот факултет во Скопје. Во 2009 го полага специјалистичкиот испит и се стекнува со звањето специјалист по примарна здраствена стоматолошка заштита. Специјалистички труд: под наслов "Трауматска екстракција на млечни и трајни заби-Ургентен третман", 2009 година.

Во 2014 се запишува на специјализација по Детска и превентивна стоматологија на Стоматолошкиот факултет во Скопје. Во 2018 го полага специјалистичкиот испит и се стекнува со звањето специјалист по детска и превентивна стоматологија. Специјалистички труд : под наслов "Јачина на врската кај Bulk fill композитни материјали ", 2018 година.

Истата година ги завршува и студиите од втор циклус, со просечна оцена 10,00 и го одбранува магистерскиот труд под наслов "Проценка на информираност и потребата за едукација за трауматска повреда-авулзија на заб" со што се стекнува со звањето магистер на стоматолошки науки.

Во 2014 се запишува и на докторски студии на универзитетот "Св.Кирил и Методиј" Скопје, Стоматолошки факултет, модул Превентивно реставративна стоматологија и ортодонција. Во 2019 го одбранува докторскиот труд под наслов “Микропропустливоста и јачината на врската кај композитните материјали со примена на различна техника на апликација” и се стекна со звањето доктор на стоматолошки науки.

 

Работно искуство

Таа има 15 години работно искуство, започнувајќи ја својата професионална кариера како стоматолог во ПЗУ ИРГОДЕНТ – Скопја во 2005 година. Од 2010 година кариерата ја продолжува како дел од тимот на Универзитетски стоматолошки клинички центар ,,Проф.д-р. Бојо Андрески”- Скoпје. Во 2011 година е избрана за асистент на катедрата за детска и превентивна стоматологија на Факултетот за стоматологија при Европскиот Универзитет-Скопје. Во 2019 е избрана за доцент на истиот факултет.

 

Научни, стучни, педагошкии други остварувања

Во текот на студирањето и работењето, има остварено студиски престои во повеќе земји (Словенија, Србија, Бугарија, Грција,  ).  Д-р Емилија Костадиновска активно е вклучена во стручно апликативната работа во Унивезитетскиот стоматолошки клинички центар ,,Проф.д-р. Бојо Андрески”- Скопје. Во текот на изминатите години има посетувано голем број на семинари, симпозиуми, конгреси и курсеви  во земјата и странство, а на голем број од нив има и активно учествувано.