Др. Aна Белазелковска Грежловска

Др. Aна Белазелковска Грежловска

 

Доцент на факултетот за Стоматологија

Ана Белазелковска е родена во 1984 година во Охрид. Дипломирала во 2008 година при Универзитетот "Св. Кирил и Методиј" – Скопје во 2008 година, со просечен успех од 9,08. Постдипломските студии ги завршува во 2012 година со просечен успех 10.Магистрирала на Стоматолошкиот факултет при Универзитетот "Св. Кирил и Методиј" – Скопје на тема "Орални промени кај пациенти со хронични бубрежни афекции". Континуирано ги продолжува и специјалистичките студии по Пародонтологија и во 2013 година се стекнува со диплома –специјалист по Пародонтологија.Студиите од трет циклус ги завршува во 2017 година со просечен успех 10 и докторирала на Стоматолошкиот факултет при Универзитетот "Св. Кирил и Методиј" на тема "Асоцијација помеѓу пародонталната и хроничната бубрежна болест".

Работно искуство

Откако ја започнала ја својата професионална кариера работејќи во приватни стоматолошки ординации, во 2013 година таа е избрана за Асистент на Стоматолошкиот факултет при Европскиот Универзитет Република Македонија-Скопје.Во 2017 се стекнува со звањето Доцент во сите наставно- научни звања од областа на Орална патологија на Стоматолошкиот факултет при Европскиот Универзитет Република Македонија-Скопје.Од 2013 година па се до денес работи како специјалист по Пародонтологија на Универзитетскиот Стоматолошки Клинички Центар "Проф.Д-р Бојо Андревски".

Трудови и публикации

Во текот на студирањето и работењето, има учествувано на голем број конференции, работни групи и симпозиуми со свои презентации и трудови.